Едита Арадиновиќ е позната како личност која сака трансформации и често го менува својот стајлинг. Од долга коса и ненадејно шишање, до фарбање и менување фризури, како и боја на веѓите, на сцената нема некој кој се смета за најиновативен.
Неодамна таа беше мета на осуда поради прекумерните естетски корекции кои целосно и го сменија лицето според мислењето на фановите, но не се грижи за туѓите коментари и прави се по свое.
Таа со години ги менува фризурите и стајлингот, а сега откри како изгледа без трошка шминка.
На Инстаграм таа објави видео како танцува на нејзината омилена песна, а сите гледаа во нејзиното лице.
Немаше ни ронка пудра на себе, но тоа не ја спречи да се насмее и да ужива во снимањето.
Фото: printskrin/instagram/editaaradinovic