Наташа Којиќ, ќерката на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба, по 16 години неодамна се врати од Америка во Србија.
Наташа по повеќе од деценија и пол се врати во Србија, што особено го израдува нејзиното семејство, а исто така реши да се врати на музичката сцена и ќе учествува на музичкиот фестивал „Беовизија“ за „Песна за Евровизија“, каде ќе се натпреварува.
Ќерката на Кеба овој пат на својот Инстаграм профил покажа како го поминува времето во Србија, а сега објави и фотографија од семејниот дом.
Имено, Наташа откри дека има проблем со спиењето поради кој мора да зема лекови (мелатонин), а во таа прилика се фотографирала во природно издание и без грам шминка.
– Принудена да одам на спиење. Мелатонинот не дејствува – напишала Наташа додека била со разбушавена коса и со очила на лицето.
Да потсетиме, Наташа своевремено во Србија ја започна својата музичка кариера, но брзо се повлече од сцената.
Инаку, таа долго време се обидуваше да ги среди документите во Америка, па дури и побара азил за да остане во Америка. Наташа никогаш досега не дошла во Србија.
фото: printscreen/instgaram