Рамбо Амадеус со години ја воодушевува публиката со својата музика, текстови и изјави што ги дава за медиумите.
Она што е интересно е што Рамбо е кум на терминот „турбо фолк“. Еден од неговите прекари е и Рамбо Амадеус Светски мега цар.
Својот прв албум наречен „О туго јесенја“ го издаде во 1989 година. Во својата кариера соработувал и со повеќе пејачи на народната и фолк музиката.
Така, Рамбо можеме да го видиме во филмот „Слатко од снова“ заедно со Драгана Мирковиќ, а во 1994 година сними дуетска песна со Весна Змијанац „Идемо на море“.
Негова мајка е писателката Босиљка Пушиќ, а многумина се заинтересирани за образованието на овој голем уметник. Според Википедија, Антониј Пушиќ, попознат како Рамбо Амадеус, дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Белград, отсек туризам.
фото: printskrin/YouTube