Радио Милева нови прашалници

Работата не мириса на добро: Откажан уште еден концерт на Шакира

Работата не мириса на добро: Откажан уште еден концерт на Шакира

Само една недела откако го откажа концертот во Перу поради медицински проблем, Шакира беше принудена да одложи уште еден настап во живо што требаше да се одржи во нејзината родна Колумбија.

Турнејата на Шакира „Las Mujeres Ya No Lloran“ требаше да запре во Меделин, Колумбија, но беше откажана поради околности „надвор од моја контрола“, објави ѕвездата во неделата, 23 февруари .

Организаторите на настанот рекоа дека концертот на стадионот Атанасио Жирардот во Меделин е откажан поради загриженост за безбедноста и на уметникот и на вработените, како и на публиката, објави Билборд.

Во соопштението добиено од агенцијата, организацијата на концертот, Парамо Презента, ја објасни одлуката, наведувајќи дека за време на процесот на поставување за концертот на 24 февруари, „покривот на сцената поставен од локалната продукција претрпел штета што ја загрозува безбедноста на уметникот, нејзиниот персонал и пред сè, на публиката“.

фото:фото: printscreen/TIkTok/Instagram / shakira

To top