Македонската музика позната по своите традиционални ноти, но истовремено и трансформативни и современи изведби во новата доба, дефинитивно е сржта на безвременската убавина на секоја македонска песна.
Пејачката Сара Мејс и покрај својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во својот втор дом Македонската опера и балет, храбро и без двоумење го прифати предизвикот на Македонското библиско здружение по повод 30 години од постоењето на здружението, за овековечување на „Псалм 150“, преку своја уникатна музичка замисла.
„Голема е честа за прифаќање на предизвик, кој се преточи во мелодија од замислениот звук на музичкиот инструмент на Царот Давид, познат како Давидова харфа. Од срце се заблагодарувам на поканата на Македонското библиско друштво за креирање на оригинално македонско музичко дело за Псалм 150 и оживување на библиските записи со звуците на харфата. Оваа песна е со благослов од Македонската Православна Црква, Македонското Библиско Здружение и монашкото братство од манастирот Св. Пантелејмон, каде и е снимен видео записот.
Музичката креација е изворно македонска, а мојата изведба во живо премиерно се оддржа во октомври 2024та за време на промоцијата на псалтирот, преведен на современ македонски јазик (Псалтир – Книгата Псалми), во издание на здружението, кој изобилува со прекрасни псалми од Библијата. Убавината на македонската музика и христијанските православни вредности ми беа мотивација, а воедно и поттик да го замислам звукот на инструментот на библискиот цар Давид и да ја претворам во реалност, како подарок за македонскиот народ пред божиќните празници“, изјави пејачката Сара Мејс.
„Псалм 150“ е снимена во студиото „The Basement“, музиката е на Сара Мејс, видео записот е на режисерот Ѓорги Трпески.
фото:You Tube printscreeen/ Sarah Mace