Музичката ѕвезда Ана Николиќ и продуцентот Горан Ратковиќ Рале се заколнаа на вечна љубов. Тие наводно се венчале на Малдивите за време на викендот.
Пејачката и продуцентот, според Курир, се венчале на една од најубавите песочни плажи на овој егзотичен остров, па овој одмор, кој следел по нивното помирување по турбулентниот период што сега е зад нив, ќе им остане во вечно сеќавање.

Ана Николиќ не се огласи откако овие гласини стигнаа до јавноста, а сега на нејзиниот Инстаграм се појавија неколку објави. Една од нив е оваа реченица:
– Велат дека во животот на секого му се дава онолку колку што може да поднесе. Додај повеќе, можам повеќе – гласи објавата што се појави денес на профилот на Ана Николиќ.

Foto: printscreen/instagram




