Најмладиот внук на Цеца, Исаија Ражнатовиќ, наполни една година. Во величествената вила на Дедиње владееше посебна атмосфера. Малиот Исаија Ражнатовиќ вчера беше главна ѕвезда, а членовите на семејството се потрудија овој ден да биде незаборавен.
Имено, најмладиот син на Богдана и Вељко Ражнатовиќ го слави својот 1-ви роденден, а гордата мајка го објави настанот преку Инстаграм.

Богдана Ражнатовиќ и нејзиниот сопруг Вељко Ражнатовиќ имаа голема причина за славење, бидејќи нивниот син Исаија потпорасна. Покрај фотографиите од најмладиот Ражнатовиќ, новата фризура на Богдана Ражнатовиќ привлече внимание на Инстаграм.

Како што се очекуваше, Богдана доби голем број комплименти за својот изглед, а некои дури забележаа дека оваа фризура ѝ стои дури и подобро од правата коса.
Сопругата на Вељко обично ги избегнува медиумите, а само еднаш дала јавна изјава, и тоа во емисијата „Цеца и деца“ каде што зборувала за својот сопруг. Токму затоа што нема претерана желба да се експонира во јавност, Богдана стана една од омилените јавни личности.

За потсетување, Вељко и Богдана Ражнатовиќ го кажаа судбоносното „Да“ во храмот Свети Сава во 2019 година. Во бракот ги имаа синовите Жељко, Крстан и Исаија.
фото: print Screen/Instagram







