Старлетата реши да го врати природниот изглед, откако доживеа пекол на социјалните мрежи поради градите.
Една од ретките на кои силиконските гради не и прилегаа, старлетата Ива Гргуриќ реши да го врати природниот изглед и да ги извади имплантите.
Ива доживеа непријатност на социјалните мрежи поради изгледот на силиконските гради, а сега реши се да врати во првобитната состојба.
Победничката на реалното шоу „Задруга“ го извади силиконот од градите и објави фотографија од болница, откривајќи како сѐ се одвивало:
– Одлично помина, скоро и да не боли. Ќе останам преку ноќ во болница, а наутро ќе си одам дома. Навистина сум одлична и фала богу помина подобро од очекуваното – кратко изјави Ива.
Инаку, Ива откри како се чувствувала и пред операцијата.
– Се чувствувам како да сум отишла на кафе, а не на намалување на градите. Со мене како поддршка ја донесов мојата убава мајка, која генерално не ми треба, бидејќи се чувствувам добро. Не ми е првпат да ги правам градите, малку претерав, тоа е секогаш во преден план – изјави Ива.
– Кај секого ситуацијата е различна, во зависност од тоа што работите, но мислам дека чини околу три илјади евра.
Фото: printskrin/instagram/iva_grguric_official