Радио Милева најубавото допрва почнува

Прв семеен портрет: Македонската „Гранд“ ѕвезда ги изнесе сопругата и синчето од породилиште

Прв семеен портрет: Македонската „Гранд“ ѕвезда ги изнесе сопругата и синчето од породилиште

Финалистот од претходните две сезони на „Ѕвезде Гранда“ Филип Пецовски стана татко пред неколку дена, а сега ги изнесе сопругата Марија и синот Николај од породилиштето.

Породувањето помина добро, па мама и бебе не останаа долго во болница откако протоколарно ги завршија потребните прегледи.

Неколку дена по породувањето, гордиот татко дојде да ги земе сопругата и синот за да ги однесе во семејниот дом.

Тој драг момент беше и оној за заедничката прва семејна фотографија, која гордите родители ја споделија на социјалните мрежи.

За потсетување, Филип и Марија се венчаа во февруари, а прославата се одржа во кругот на семејството и пријателите .

Патем, Филип стана познат со учеството во „Ѕвезда Гранда“ каде што стигна до финалето, а по натпреварот го доби епитетот еден од најголемите заводници од шоуто.

фото:Instagram printscreen/filippecovski

To top