Радио Милева повторно нова

Провокациски тест: Анета Љумаковска веќе е уиграна смислено и тактички да делува, овој пат огнено и жестоко (фото)

Провокациски тест: Анета Љумаковска веќе е уиграна смислено и тактички да делува, овој пат огнено и жестоко (фото)

На познатата битолчанка, музичката фолк ѕвезда Анета Љумаковска јасно и е дека публиката ја сака поради тоа дека Бог ја дарил со златно грло, а за тоа колку тоа е квалитетен вокал, редовно добива лавина пофалби и комплименти што ретко кој ги спори.

Доказ за тоа е што редовно е една од најангажираните на приватни веселби, па за термин да ти пее Ането се чека ред, независно дали била со екс- колегите од „Молика“, или со некој сосема друг музички состав кој ја придружува.

Сепак, на битолскиот славеј ова внимание како да не му е доволно.

Сведоци сме дека изминатите неколку месеци постојано го менува имиџот, особено фризурата. Ја видовме како црна, руса, бринета, шатирана, па сега фалеше уште да стане црвенокоса, што и навистина се случи.

Огнена и жестока варијанта, промена со која и е познато дека ќе привлече внимание, проверено успешна тактика и провокациски тест кој секогаш успешно поминува.

Е сега, на едни повеќе им се допаѓа ваква или онаква, но таа баш и не се приврзува за ниедна варијанта, направотив, така лабаво прави промени што некоја не би ги направила за цел живот.

Храбро нели?

фото:Instagram printscreen/anetaljumakovska2701

To top