Радио Милева како во бајка

Пристигнаа честитки на нејзина адреса: Александра Пановска Илиевска имаше повод за славење  (фото) 

Пристигнаа честитки на нејзина адреса: Александра Пановска Илиевска имаше повод за славење  (фото) 

Водителка Александра Пановска Илиевска имаме прилика да ја гледаме во утринската програма на Канал 5 телевизија.

На нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм скоро сите фотографии се поврзани со работата и од работното место каде таа секогаш е подготвена да ги известува следбениците со нови објави.

Но, овој пат водителката имаше убав повод за славење, па Александра одлучи да сподели дел од роденденската атмосфера која и ја приредиле на ќеркичката Сара.

Имено, кон крајот на јануари Александра и нејзиниот сопруг Александар за првпат станаа родители на ќеркичката Сара која сега наполни 4 години.

По тој повод, водителката сподели фотографии на кои позира во друштво на ќеркичката Сара и сопругот Александар заедно со маскота со ликот  на Елса.

Илиевска ја покажа и роденденската торта на која го пишуваше број 4 покрај името на нејзината наследничка.

Роденденската прослава тие ја организирале во едно детско катче со тематски работилници, а овој пат тие освен што се забавувале заедно цртале и боеле.

А дека амбиентот и декорацијата целосно биле во знак на филмот „Фроузен“ кој на малото девојче веројатно и е еден од омилените, водителката покажа и преку видеото на кое јавно и честиташе.

фото: printscreen/instagram

To top