Природно си е природно… Од природно има ли поубаво? За се’ што е дар на мајката природа едноставно нема замена. Зашто и ние сме дел од неа, па се’ што внесуваме во себе или ставаме на себе, најдобро и најздраво е да е нејзин продукт.
Арно ама, денес, во овој „луд и извештачен сајбер свет“, по се’ изгледа животот без вештачки ароми, конзерванси, емулгатори, вештачки влакна, материјали, пластика… е научна фантастика!
Некои од производителите тоа го признаваат, некои го кријат, едни отворено пишуваат и назначуваат на своите производи дека содржат пластични материи, други молчат и си тераат работа… Како производителите на хигински влошки, на пример, до сега. Така барем тврди познатата македонска ТВ водителка.

Имено, Снеже Велков тврди дека за прв пат на веков видела дека на пакувањео на хигиенски влошки отворено да пишува дека содржат пластика! На истите оние кои понежниот пол најмногу и најчесто ги користи во моментите кога во месецот ќе им дојдат „оние денови“ за давање „данок во крв“ на природата.
Водителката ептен се израдува, па објави клипче на своите Инстаграм приказни, на кое јавно го обзнани признанието на производителот дека она што по потреба се става таму долу, содржи пластика! Е сега нејасно е дали производителот мислел на продуктот или само на опаковката, ама тоа е друга работа!

На Снеже и беше најважно да ги посоветува своите следбеници да користат вакво нешто, само ако е природно! Хигиенски влошки без пластични материи! Зашто, природното си е природно… и е најздраво! Особено кога има блиски допири со најинтимното место! И апсолутно е во право!

Само што сега, остана дилемата дали советот на ТВ водителката важи и при употребата на останатите пластични производи, создадени за „интимна употреба“?

Некои од нив многу корисни, некои други за многу дами незаменливи во моментите на „единствени задоволства“, а истите направени од пластика?

Ало, студио, дали се слушаме? Имаме ли одговор, „нешто конкретно“, макар и дискретно? Дали во ваквите моменти користењето „пластика“ е неопходно или… природно си е природно!?
Фото и видео: Инстаграм/velkovsneze/Valijant_official







