Саша Поповиќ почина во Париз по битка со тешка болест. Основачот и директор на „Гранд продукција“ ја загуби битката со ракот, а последните денови ги помина во француската престолнина, опкружен со своето семејство и најблиските.
Во вториот дел од документарецот „Сале“, адвокатот и долгогодишен пријател на Саша Поповиќ, Миша Петровски, ги опиша неговите последни моменти во болницата во Париз.

– Навистина беше многу тажно во Париз. Го гледате како вашиот пријател си заминува, а тој е целосно свесен, целосно свој и рационален до последниот момент. Го гледате како ги советува своите деца, своето семејство како да продолжат, по кој пат да тргнат – рече Петровски во документарецот.
Да ве потсетиме, семејството низ солзи зборуваше и за последните денови на Саша во болницата во документарниот филм „Сале“.
Во првиот дел од документарецот, Миша гордо истакна дека Саша бил пријател до самиот крај, дури и во најтешките моменти, и дека неговата сила била неверојатна.
– Нашето пријателство е долгогодишно, тивко, но стабилно и така беше до последниот момент. Бев со него неколку часа пред да нè напушти. Беше борец до последниот момент. И кога се поздравивме, тој најде сила да крене рака, да се ракува, да се поздрави додека не се видиме повторно – рече Петровски.
фото:You tube printscreen/Grand Production and Zvezde Granda





