Радио Милева последен поздрав

Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска по 19 дена со тешко срце се прости од колегите: „До видување најсакани мои… Боли многу…“ (фото)

Придружниот вокал на ДНК, Ана Костадиновска по 19 дена со тешко срце се прости од колегите: „До видување најсакани мои… Боли многу…“ (фото)

Тагата и жалот по она што се случи на кобниот 16-ти март нема да минат никогаш… Не барем така бргу. Зашто премногу се свежи  раните кои  не зацелуваат довека и везден ја копаат душата.

Длабока е болката за која нема ниту лек, ниту зборови на утеха… Особено за оние кои изгубија деца, сопруги и сопрузи, колеги…

„До следниот пат“ беше порака која ДНК  ја оставаа на социјалните мрежи по секоја свирка и средба со фановите, но сега веќе не завршува со три точки како продолжение, туку една како крај кој беше ставен на кобниот 16-ти.

Придружниот вокал Ана Костадинова која е меѓу преживеаните од бендот и единствена која е на домашна рехабилитација, по 19 дена соочена со реалноста реши да каже до видување како последен поздрав за своите сакани колеги.

„Кога љубовта е мотив, страста водилка, а линкот музика се испишуваат најубави прикази. Таква, најубава беше и нашата. Ич не сакам збогувања. Затоа не велам збогум, туку до видување најсакани мои… Боли многу…“- стои во објавата од описот на поледната објава на Инстаграм профилот на Костадиновска.

Ана собра галерија од фотографи кои беа документирани како спомен кој денес  како што самата вели, и тоа како боли.

Инаку, покрај Ана Костадиновска, меѓу преживеаните се и Владимир Блажев- Панчо, како и гитаристот Горан Тонев кои се на интензивна болничка нега.

фото:Instagram printscreen/kostadinovska2486

To top