Радио Милева жари и пали

„Презадоволна“: Ива Гргуриќ ги намали градите, а резултатот го покажа на социјалните мрежи (видео)

„Презадоволна“: Ива Гргуриќ ги намали градите, а резултатот го покажа на социјалните мрежи (видео)

Победничката на третата сезона на реалното шоу „Задруга“, Ива Гргуриќ, направи операција за намалување на градите, а сега го покажа резултатот од зафатот.

Гргуриќ го покажа новото деколте, 23 дена по зафатот кој го направи во Белград.

Имено, Ива Гргуриќ позираше во топ и хеланки кои го истакнаа нејзиното тело, а покажаа како сега изгледа нејзиното деколте.

– Многу задоволна од резултатот на намалување на градите!- рече таа на Инстаграм.

– Ситуацијата на секого е различна во зависност од тоа што правите, но мислам дека чини околу три илјади евра – истакна таа на темата за цената на зафатот, по пристигнувањето на клиниката пред операцијата.

фото: printskrin/instagram

To top