Најголемиот музички натпревар „Евровизија 2024“ се одржува оваа недела во Шведска. Синоќа се одржа првото полуфинале на евровизиската сцена во Малме.
По изведбата на песните и гласањето на публиката, водителите најавија кои земји ќе одат понатака. Сите три земји од поранешна Југославија кои се натпреваруваа – се пласираа во финалето.
Пејачката Рајвен настапи под број девет и со песната „Вероника“ ја претставуви Словенија на натпреварот.
Таа ја отпеа нумерата „Вероника“, а нејзиниот настап привлече огромно внимание, како поради необичниот текст и интерпретација, така и поради сценскиот настап.
Имено, Рајвен на сцената се појави во проѕирен костим под кој се гледаа нејзините тетоважи, од кои онаа во пределот на градите која на многумина им „падна во очи“ беа испреплетените змии. Околу пејачката имаше танчерки кои изгледаа како целосно голи. Сепак, изненадувањата не завршија тука.
Откако слушнала дека се пласирала во финалето, претставничката на Словенија ја бакнала сочно својата танчерка во уста, а ова видео брзо се прошири на социјалните мрежи.
IM SCREAMING SO HARD pic.twitter.com/xQybzTYvcj
— Nat. JOx5 || 🇭🇷 🇫🇮 🇨🇭 🇸🇮 (@Shiokox3) May 8, 2024
Фото: printskrin/youtube