Познатите Македонки пролетната радост се одлучија да ја почувствуваат и надвор од нашите граници. Сепак, дестинацијата која ја одбраа е иста, а судејќи според фотографиите што ги споделија на социјалната мрежа Инстаграм навистина уживале. Италија е земјата во која тие ќе ги трошат пролетните слободни денови, но на агендата кај нив беа пикирани различни градови.
Мисицата Анѓела Јакимовска, се прошета низ Венеција, а се фотографираше покрај историскиот дел. На нејзините следбеници им се допадна овој избор и ја поддржаа со многу допаѓања.
View this post on Instagram
Пејачката Андријана Јаневска се одлучи да ги наполни батериите на веќе за неа проверена локација, во Рим, а го сподели и погледот од најубавите улици од ценатрот додека ужива во италијанскиот шарм во кој секогаш има што да се види .
View this post on Instagram
ТВ водителката и инфлуенсерка, Елена Најдоски или попозната како „Живот со стил“ , секој слободен миг го користи за патување и тоа е она во кое несомнено ужива. Таа се одлучи за еден од најубавите европски градови и светски центар на модата – Милано. А во нејзиниот пролетен стајлинг кој го одбра дефинитивно изгледа фантастично.
View this post on Instagram
Кадрите кои ги споделија остануваат за спомен, а новото искуство засекогаш во мислите кои ќе ги раскажуваат и прераскажуваат од ова пролетно патување.
фото: printskrin/instagram