Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се огласи по директниот пренос со Јелена Карлеуш и откри се за аферата во која е вмешана Лепа Лукиќ.
Имено, Јелена изјави дека слушнала дека Бака е добар во кревет, а таа информација ја слушнала од нејзината постара колешка Лепа Лукиќ.
Сега јутјуберот во ново вклучување ја разјасни работата поврзана со Лепа Лукиќ.
– Се колнам, немав ништо со Лепа Лукиќ. Слушнав за Лепа Лукиќ, но не знаев како изгледа, мислев дека е некоја девојка, а таа била баба. Почит за бабата, жена во години, но навистина ме „намести“ Карлеуша… Тоа е како коцкање, подоцна сфатив – рекол Бака Прасе.
Да потсетиме, Лепа се закани дека ќе поднесе тужба.
– Ве молам немојте, дали треба да ја коментирам таа глупост? Вие сте 20-та личност што ми се јави од утрово. Ја немам видено пет години, не ја слушам и не ја гледам. Ниту сум ја слушнала, ниту сум ја видела на телевизија, ниту сум ја сретнала некаде. Не се дружам со неа, не ја потценувам, но моите и нејзините години не се исти – рече таа, па додаде:
– Ќе ја тужам! Нема да ја коментирам, никаде ја нема, сака да се закачи за мене. Сега одам кај адвокатот.
фото: printscreen/You Tube/Grand Online/Youtube/Baka Prase