Поранешната ТВ водителка Мелита Ракиќевиќ се огласи на кратката приказна на Инстаграм со убав повод.
Таа сподели дека нејзината мајка Виолета, вчера го одбележала својот роденден.

Мелита за нејзиниот ден и упати топли роденденски желби преку серија заеднички фотографии од нив двете, а на некои и со нејзината ќерка Барбара.

„Среќен роденден, мамо“, додаде Мели на неколку фотографии кои ги објави на приказната.


„Позади секоја силна жена, стои уште посилна жена, која ја родила – стоеше во описот на Мелита, каде ја покажа и роденденската торта, додека во позадина одеше песната на Калиопи и Жељко Самарџиќ – „Знам“.

Од фотографиите пак, може да се примети дека Мелита ја има наследено убавината и елеганцијата од мајка си.

Foto: printscreen/instagram/melitameli



