Озборување е она што го зборуваш зад нивниот грб, а не пред нив. Ласкање е она што го искажуваш пред нив, а не за зад нивниот грб. Повеќето би рекле дека жените се поголеми озборувачки, а пак тие би кажеле дека поголеми озборувачи од мажите нема.
Сепак, заедничко за голем дел, сеедно од кој пол и да се е често употребуваната фраза „јас не сум таков“.
Исклучоци за се’ секогаш има, а еден од нив е пејачката Тамара Тодевска која како астролошки близнак е екстровертна личност и голема муабетчика. Ама дека и во своите особености го става и она дека сака да си озборува, а тоа воопшто не е за криење што и самата го потврдува.
-Јас и моите најдобри пријателку за 50 години се уште озборуваме за секого, гласи описот на една фоитоиграфија која таа ја сподели на Инстаграм и се пронајде себеси и своето друштво.
Криење нема, јазик долг, ама со избрран круг на луѓе. Емотивно празнење и начин преку кој свесно или несвесно, создаваме ситуација на ризик и ранливост.
Психологијата има многу подлабока анализа на недостатоците од оваа особина, а предностите на се’ она што е подобро кога си ја гледаме нашата работа. Сепак, на крај, добро е и кога знаеме да си признаеме каква е нашата природа.
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska