Секоја жена сака нејзините стапала да изгледаат негувано и привлечно
Кожата мора да биде хидрирана и мека, но најпрво треба да се ослободите од сите наслаги од мртви клетки на кожата. Навистина не е толку лесно да се одбегне проблемот со грубите пети, бидејќи кожата во тој дел е склона на задебелување.
Кога станува збор за нега на стапала, пилингот дефинитивно е незаменлив ритуал, но и содата бикарбона како магична состојка.
Ви откриваме како да направите пилинг за стапала со сода бикарбона за да имате мазна и нежна кожа.
Овој пилинг ќе можете да го примените на целите стапало, односно на сите делови каде што ќе забележите задебелување, а особено ефикасен е за тврди и суви пети. Особено непријатно е кога петите се испукани, што значи дека освен пилинг, треба да ја зголемите и хидратацијата на кожата на стапалата за да го решите овој непријатен проблем.
Па, еве како да направите свој пилинг за стапала.
Содата бикарбона е одличен избор за оваа намена. Содата има антисептички својства, а во овој случај се меша со вода и има функција да ја намали нејзината тврдост, и што е особено важно – благотворно дејствува на кожата.
Сè што ќе ви треба е 3 л вода и 5 супени лажици сода бикарбона. Загрејте ја водата за да биде врела и потоа сипете ја во леген и додајте сода. Промешајте малку, па потопете ги стапалата. Оставете ги да отстојат така 20 минути.
Потоа, следува пилингот. Земете камен за пети или турпија, која не е премногу груба, намокрете ја, потопете ја во сода бикарбона, па со неа третирајте ги проблематичните делови.
По третманот, нанесете хидратантен крем или вазелин на петите ако се многу испукани. Најдобро е да го правите ова навечер пред спиење. Слободно можете да го практикувате секојдневно во период од 7 дена, а потоа направете пауза една недела, по што ќе можете да ја применувате оваа нега на стапалата еднаш до два пати неделно.
фото: FreePik
Извор: Попара