Мегафон Новогодишна журка во МКЦ

Потсетување на златните времиња на скопската клупска сцена: Триесет и пет диџеи и разни стилови на електронската музика во МКЦ

Потсетување на златните времиња на скопската клупска сцена: Триесет и пет диџеи и разни стилови на електронската музика во МКЦ

Триесет и пет диџеи и разни стилови на електронската музика ќе се обединат на големата новогодишна забава во Младински културен центар во Скопје.

Замислена како потсетување на златните времиња на скопската клупска сцена од 1990-тите и 2000-тите, журката ќе се одвива на четири бини: во Денсинг салата ќе се пуштаат хаус и техно, на подиумот над кино Фросина ќе има хип-хоп, драменбејс и џангл, во клубот МКЦ ќе се танцува на гоа/транс, а во бифето на кино Фросина ќе се слуша поразновидна музика, како електро, инди, ска, сурф…

Меѓу диџеите кои ќе настапат се Нино Наумов, Соња Исмаил, Александар Малевски-Мале, Самоил Радински, Навигатор, Бушава Азбука, Вања, Илич, Оки Доки, Хајпертек Д2, Оги, Шурбе, Виска Бликса, Јане Алтипармаков, Роботек, Чима…

Влезниците во претпродажба чинат 1.000 денари, а на врата ќе бидат 1.200.

To top