Музичката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ во текот на својата кариера испеа многу безвременски хитови, а еден од нив дефинитивно е песната „Кукавица“.
Цеца Ражнатовиќ ја сними песната „Кукавица“ во 1992 година, а таа песна на авторките Марина Туцаковиќ и Фута Радуловиќ долго време „седеше во фиоката“.
Таа балада ја одбија пејачките Лепа Брена, Весна Змијанац и Драгана Мирковиќ. Шест години по нејзиното создавање, Марина и Фута ја извадија „Кукавица“ од фиока поради Цеца.
– По албумот „Бабарога“ направив пауза од година и половина. Знаев дека сакам нешто поинакво, позрело и фундаментално, и решив да одам кај Марина и Фута. Така започна нашата соработка. Каква случајност! Кога се појавив кај нив, ми рекоа дека немаат само една песна за мене, туку цел албум! Сите тие композиции „Што ти е во жилите“, „Стани, разбуди се“, „Пиј ме како лек“, „Прости ми ги солзите“, „Месечина, небо, ѕвезди“ и други, беа на таа касета – рекла еднаш Цеца за локалните медиуми и додаде:
– „Кукавица“ шест години беше во нивната архива како тотално отфрлена. Им ги понудија на Весна, Драгана, Брена и многу други пејачки. Марина тогаш ми кажа дека има песна што не им се допаѓа, но не ми беше грижа што колегите не ја сакаат. Фута инсистираше да ја слушам „Кукавица“, а таа му рекла дека не доаѓа предвид и да заборави на таа песна. Заинтригирана од името, побарав да слушнам. Кога почнаа првите зборови и кога ги слушнав зборовите: „Гушни ме“, имав феноменално чувство! Им реков: „Ова вечерва ќе го снимам. Фута го направи аранжманот, следниот ден влегов во студио, го испеав од прва и сега е евергрин“.
фото: printscreen/instgaram