Радио Милева никогаш не е доцна

„Посакував да бидам манекенка “ – Снеже Велков на четириесет и кусур години си ја исполни желбата (фото) 

„Посакував да бидам манекенка “ – Снеже Велков на четириесет и кусур години си ја исполни желбата (фото) 

Македонската ТВ водителка и екс пилатес инструкторка, Снеже Велков е активна на социјалните мрежи, споделува видеа и фотографии од она што секојдневно го прави, а овој пат со следбениците сподели и една желба од детството.

Имено, водителката објави серија фотографии кои всушност беа и повод да се потсети на нешто што оддамна го посакувала и мечтаела откако нејзините  родители и кажале дека не е забавно да посакува да биде војник.

Но, главното никој не и го открил дека треба да порасне. Па, останала само  метро и желбата за манеќенка.

Сепак после овие фотографии кои ги сподели на инстаграм работите се сменија.

Снеже се уште е 163 сантиметри но желбата и се исполни. Таа на фотографиите се чувствува како да е 180 сантимети или можеби 178, но да бидеш манекенка потребно е она што водителката сега го „сконта“ на четириесет и кусур ….

– Една од желбите кога  ќе пораснам ми беше и  да бидам манекенка, (откако моите ми рекоа дека не е убаво да посакувам да сум војник оти нели сум женско)

И после ми рекоа: Ете порасни и стани манекенка!

Ама не ми кажаа дека требало побајаги да се порасне…па со моите 163/4cm.Останав метро и желба за манекенка

Ама еве на точно четиесетикусур сконтав, манекенка можеш да бидеш ако заеземеш поза и направиш озбилна фаца, а најмногу ако на себе имаш креација која сама по себе е за на модна писта.

Фала ви ….што на малото Снеже му ја исполнивте желбата.

А вие кои се уште имате не исполнети детски желби, да знаете дека не е касно за исполнување.

Право да ви кажам на сличево се осеќам како 180cm  да имам добро 178 нека бидат – напиша во описот на објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Очигледно така требало да биде. Снеже можноста да стане  манекенка не ја пропушти,  бидејќи  никогаш не е доцна за исполнување на детскиот сон, потребно е само да се погоди моментот и вистинските луѓе на кои ќе им веруваме.

фото: printscreen/instagram

 

To top