Драгана Косјерина важи за најубава српска водителка, а публиката ја освои со својата непосредност и елегантен стил.
Сепак, не се знае многу за приватниот живот на Драгана. Популарноста ја стекна како спортски новинар, а потоа следеа многу проекти во кои блесна.
Во текот на кариерата не зборуваше многу за приватниот живот, а еднаш откри дека немала лесно детство.
– Од детството сум многу опуштена пред камерите. Првото искуство го имав на голем сет во Истанбул, кога снимив реклама за шампон како модел. Феноменалната американска продукција дојде со планина опрема, а мене ме третираа како филмска ѕвезда (се смее) Јас само ќе дојдев да ја снимам рекламата. За прв пат сакав да бидам некој од телевизијата. Кога станав тоа, сфатив дека тука нема гламур, само напорна работа, но навистина сум среќна – изјави тогаш Драгана.
Во таа прилика се присети и на војната и раскажа дека побегнала од родното Сараево и дека тој период од животот го памети како многу трауматичен.
– Прво мислам на бегалците. Второ, не сум го видела татко ми четири години. Кога конечно нашето семејство се обедини, кога видовме дека сите сме живи и здрави, мораше да се создаде нов живот. Тогаш целата приказна заврши со разводот на родителите, што исто така е траума. Не сакам ова да звучи патетично, но во текот на моето детство имаше алтернација на тешки турбуленции. Затоа пораснав многу брзо.Некаде прочитав дека децата од разрушените домови најмногу се фокусирани на семејството. Тоа е вистина. Не поминува ден да не разговарам со семејството на телефон, а во меѓувреме размениме којзнае колку пораки – изјави Драгана.
фото: printscreen/instgaram/dragana.kosjerina