Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ, Тони Бијелиќ доживеа сообраќајна несреќа и за влакно избегна трагедија.
Според локалните медиуми, несреќата се случила во Опатија, каде сето тоа се случило пред еден час. Тони Бијелиќ го возел својот блиндиран „ролс ројс“ вреден околу еден милион евра, кој е тешко оштетен.
Тони не бил сам во автомобилот во моментот на несреќата, но за среќа никој не е тешко повреден.
И бизнисменот е добро, но изнервиран од се што се случило, не толку поради оштетувањето на автомобилот, туку поради тоа што можело да дојде до трагедија, пренесуваат тамошните медиуми.
Камион со кран пристигнал на местото на настанот за неколку минути и го однел автомобилот на Тони во Виена, додека Бијелиќ заминал со неговите пријатели кои пристигнале да го земат, пишува „Скандал“.
фото:printscreen/instagram/dragana_mirkovic