Софија Дачиќ, поранешната снаа на пејачот Драган Којиќ Кеба, го покажа стајлингот што го избра за следната епизода од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранда“.
Нејзиниот настап и појавување во популарното шоу привлече големо внимание од јавноста, бидејќи нејзиното учество дојде само неколку месеци по разводот од Игор Којиќ.
Софија се пласираше во следната рунда од натпреварувањето, за која подготви атрактивен аутфит. На фотографијата што ја објави од зад сцената, таа носи фустан од Версаче по кој моделот Ирина Шајк претходно прошета на модната писта.
„Дали сте подготвени за втората рунда? Која песна мислите дека ја испеав?“, им рече Софија на своите следбеници на Инстаграм.

Да потсетиме, откако Игор Којиќ неодамна објави дека планира да се жени по трет пат, Софија откри дека нејзиното срце веќе е освоено.
– Моето срце е освоено долго време, можеби нема да бидам, и така ќе остане. Игор е прекрасен човек и немам ниту еден лош збор да кажам за него – изјави Софија за Гранд.
Foto: Printscreen/Instagram/sofijakaosofija







