Радио Милева еден е татко

„Поради целата тажна ситуација, оваа слика ја чував“ – Давид Темелков со емотивна објава до татко му (фото)

„Поради целата тажна ситуација, оваа слика ја чував“  – Давид Темелков со емотивна објава до татко му (фото)

Македонскиот поп пејач Давид Темелков кого публиката го запозна по учеството на втората сезона на регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ и кој гради успешна кариера во Хрватска каде и се ожени, овој пат  пред јавноста се обрати со емотивна објава.

Давид откако ја направи големата македонско- хрватска свадба во месец јуни минатото лето, остана резервиран особено за моментите поврзани со приватноста и брачниот живот.

Сепак,  по повод денот на таткото кој се падна во деновите на жалост во Македонија, поранешниот македонски Икс- Фактор учесник,  преку социјалната мрежа Инстаграм јавно му се обрати на неговиот татко со искрени зборови, кои ги чуваше и чекаше неделата на жалост да помине.

Како што нагласи одлучил да ја почува некое време поради тажната ситуација која и се случи на Макадонија, односно поради големиот пожар во кој изгореа 59 млади животи на настапот на групата ДНК во клубот „Пулс“ во Кочани.

Сега откако завршија прогласените  деновите на жалост пејачот почувствува потреба јавно да  ја сподели со сите кои го следат, па напиша:

– Пред неколку дена беше „Ден на таткото” .. но поради целата тажна ситуација, оваа слика ја чував за денес.
Ти благодарам што си до мене од првиот ден, ти благодарам што будно го следиш секој мој чекор..
Кога оди на добро се радуваш, кога ќе запне нè очајуваш, ме поттикнуваш да не застанувам и да продолжам..
Секој твој збор допрел до мене и негде е вмрежан, макар и кога мислиш дека не е, секоја емоција која си ми ја поклонил вродила со плод. Колку и да сме далеку, секогаш те носам со себе, во мислите, во срцево.
Ти благодарам дебелко мој, еден е татко!
Сликава зборува ” Те гледам, пази што правиш”.
Те сака синот твој!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Temelkov (@davidtemelkov_)

На фотографијата се гледа како Давид пее, а долу во аголот има фигура на маж,  кој седи и внимателно го слуша.

Семејната хармонија и на далечина се чувствува, а дека љубовта и поддршката се најважни говори и неговата исповед која е уште еден доказ за тоа.

фото: printscreen/instagram

To top