Пејачката Милица Тодоровиќ во една емисија искрено зборуваше за тежок период, кога деловната соработка со нејзината сестра и нејзиниот сопруг дошла до жестока расправија.
Милица Тодоровиќ откри дека не разговарала со својата сестра Јована пет години, а причина за заладувањето било недоразбирање со сопругот на Јована, кој во тоа време бил менаџер на Милица.
Видно потресена, пејачката потоа низ солзи ги раскажа сите детали од оваа семејна драма.
– Сопругот на мојата постара сестра ми беше менаџер четири години и тогаш се случи големо предавство.
Не сакам неправда во која било сфера од животот, во кое било време. Имаше голема неправда каде што сестра ми не можеше да застане на моја страна, туку остана со својот сопруг заради децата, како што рече таа тогаш.
Но, без оглед на тоа, останав без сестра ми и внуците тогаш и во следните пет години, што беше многу болно за мене. Тие беа моја емоционална поддршка, дел од мојот живот… Таа е мојата сестра кон која сум особено приврзана. Мојата Јована – рече таа, а потоа додаде:
– Денес им простив на сите. Минатата година седнав со зетот, кој е сè уште мој, и му раскажав сè што чував во себе тие пет години. Сите најгрди работи, сите – Знаеш ли дека си ова, она… Се извини, искрено се покаја.
foto:printscreen/instagram/milicatodorovicofficial