Музичкиот новинар, публицист и автор на неколку книги за македонската поп-рок историја и нејзините винилни изданија, како и најзначајните датуму од истата, Тошо Филиповски исправен е пред нов предизвик. Презентирање на истата во САД преку проектот: „Историја на Македонската рок музика, 1963-2023“.
Проектот е осмислен како двочасовно предавање за почетоците, развојот и сегашноста на македонската рок музика, сватена во поширок контекст (блуз, џез, фанк, панк, хеви метал, рап, алтернатива, инди, прогресив…..). Серијата предавања ќе вклучат и аудио-визуелни презентации на македонска музика и музички артефакти (фотографии, изданија, часописи, фанзини итн…) од пребогатата македонската музика историја. Самата идеја и потребата од едни вакви предавања е иницирана од македонските иселеници, во периодот кога ја создавав “Македонска Рок Енциклопедија, 1963-2018, Прв Том”.
Негова главна цел е запознавање на младите генерации, со македонско потекло а кои живеат во САД, со богатата македонска урбана музичка историја, кои се и примарна таргет група.
Останати цели се: Депонирање примероци од книгите чии автор е Тошо Филиповски во Конгресната библиотека во Вашингтон (Capitol and Library of Congress) и во музејот на Рокенрол холот на славните (Rock’n’Roll Hall Of Fame) во Кливленд. Веќе е остварен контакт со спомнатите институции и тие се во очекување на средба и примероци од книгите.
Период на реализација е предвиден од 3 до 30 септември 2024 година.
Но, за реализација на проектот потребни се дополнителни финансиски средства покрај оние кои ги одвоило Министерството за култура на Република Македонија.
Затоа Филиповски преку социјалните мрежи јавно се обрати до сите потенцијални донатори, институции, фирми, бизнисмени, поединци… кои би биле мецени во помагањето на реализацијата на овој значаен проект за македонската држава и нација воопшто.
Со надеж дека ќе се обезбедат потребните средства, ви го пренсуваме неговото обраќање кое можете да го прочитата во целост со кликнување на линкот кој води до неговиот Фејсбук профил подолу.
Фото: Фејсбук/Филиповски Тошо