Радио Милева на лежалка во прв ред

„Помеѓу планините и морето“ – Ќерката на Соња Вуксановиќ, го покажа своето извајано тело

„Помеѓу планините и морето“ – Ќерката на Соња Вуксановиќ, го покажа своето извајано тело

Младата дизајнерка, Софија Шашиќ, ќерка на сопругата на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ и неговиот колега Жељко Шашиќ, покажа како ужива на црногорскиот брег. Софија Шашиќ го поминува летото во Которскиот Залив, во еден од најлуксузните хотели каде што ноќевање чини околу 500 евра.

Софија сподели како  си поминува  правејќи фотосесија во костим за капење. Таа позирала на лежалка во првиот ред на плажата.

Таа го заштитила лицето од сонцето со шапка и очила за сонце, а спортските бикини совршено ја истакнуваат нејзината фигура.

„Помеѓу планините и морето“, напиша таа во описот на фотографиите, а под објавата имаше еден куп емотикони во форма на оган и срце.

Да потсетиме, дека ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ неодамна проговори за тоа како не се смета себеси за неодговорна девојка, и откри на што троши најмногу пари.

– Не сум „безобразна“, но сакам да трошам на себе кога можам да си го дозволам она што го сакам. Кога нешто ми се допаѓа и кога нешто ќе ми текне, цената не ме интересира.

Соња Вуксановиќ, за потсетување, го остави Жељко Шашиќ поради неговиот колега и пријател Аца Лукас, со кого доби ќерка. Сепак, нивниот брак не траеше долго и се разведоа.

фото: printscreen/instgaram/sophiasasic

To top