Радио Милева Огромна тага во семејството на пејачот...

Почина татко му на Спасен Силјаноски: „Денес Бог ми го зеде најдобриот другар, човекот кој што ме научи сè во животот“

Почина татко му  на Спасен Силјаноски: „Денес Бог ми го зеде најдобриот другар, човекот кој што ме научи сè во животот“

Фолк-пејачот Спасен Силјаноски сподели тажна вест: Почина неговиот татко Зоран.

Скршен од болка тој се огласи на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук профил  по смртта на татко му, како што го нарече неговиот најдобар другар, со куса објава…

„Денес Бог ми го зеде најдобриот другар. Човекот кој што ме научи сè во животот. Човекот кој пред сè ме научи што значи Чест, Морал и Достоинство.

ТАТИЧКО не знам дали уште еднаш ќе можам да запеам песна како што тоа го правевме заедно. Ќе ми фали твојот глас, твојата поддршка, твојата љубов. Почивај во мир.
Погребот ќе се одржи утре, 16 март 2026 (понеделник) во село Пополжани во 12 часот“ – сподели пејачот покрај една од зедничките фотографии со сега неговиот покоен родител.
To top