Мегафон тажна вест

Почина Синиша Павиќ – најплодниот ТВ автор во поранешна Југославија

Почина Синиша Павиќ – најплодниот ТВ автор во поранешна Југославија

Сценаристот и драматург Синиша Павиќ почина на 92-годишна возраст во својот дом во Власотинац, пренесува N1.

Павиќ беше најплодниот ТВ автор во поранешна Југославија.  Замина големиот драматург и сценарист кој остави длабоки траги во телевизиските серии: „Подобар живот“, „Среќни луѓе, Театар в куќи“, „Тесна кожа“, „Жежок ветер“, „Дипломци“, „Отпишани“… Сценарист е и на филмовите „Тесна кожа“ и „Лаф у срцу“.

Со „Подобар живот“, кон крајот на 80-тите, започнува ерата на целосниот серијал на Павиќ, со десетици епизоди, емитувани неколку години низ сите држави од поранешна Југославија. Кога одеа неговите серии на програмите на ЈРТ, улиците по градовите беа празни.

 

To top