Мегафон тажна вест

Почина Брајан Марфи – познатиот актер и комичар

Почина Брајан Марфи – познатиот актер и комичар

Познатиот актер и комичар Брајан Марфи почина на 92-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

Брајан Марфи беше најпознат по улогите во популарните британски серии од 1970-тите, „Man About the House“ и „George and Mildred“.

Тој почина во неделата наутро во својот дом во Кент. Неговиот пријател и агент Томас Бовингтон го опиша како „весел и длабоко добродушен човек“ и го истакна неговиот талент и хуманост.

Покрај бројните улоги, Марфи зад себе ги остави сопругата Линда Реган, која исто така е актерка и два сина.

фото:ScreenShot/YouTube/ ITV News

To top