Радио Милева Тажна вест

Почина Бернард Хил, актерот познат по улогите во „Титаник“ и „Господарот на прстените“

Почина Бернард Хил, актерот познат по улогите во „Титаник“ и „Господарот на прстените“

Актерот Бернард Хил, кој глумеше во филмовите „Титаник“ и „Господарот на прстените“, почина на 79-годишна возраст.

Хил го играше капетанот Едвард Смит во филмот награден со Оскар од 1997 година.

Друга истакната улога беше кралот Теоден во трилогијата „Господар на прстените“.

Неговата главна улога беше ликот на Џозер Хјуз во легендарната драмска серија од 1980-тите „Момци од црните работи“.

Неговиот агент Лу Коулсон потврди за Би-Би-Си дека Хил починал во раните утрински часови.

Фото: printskrin/instagram/goldradiouk

To top