Нашата голема музичка ѕвезда Калиопи Букле која важи за поп дива во целиот регион, секој момент го живее со полни гради љубов, возбуда и посветеност на нејзнината музика и секако фановите, оние кои ја носат до најубавото и возвишено чувство кое ја носи подалеку и понатаму…
Периодов Калиопи и нејзниниот бенд се подготвуваат за голем концерт на Хераклеа во Битола закажан за 20-ти јули, исто и оној на 2-ри Август во Охрид.
View this post on Instagram
Нејзниниот куфер на љубовта, како што е насловена и една од песните, редовно се полни, па и преполнува од внимание, дадено од срце. Фановите на калиопи се многубројни, а како таа, така и тие редосно знаат да изненадат и да си дадат на важност – обострана.
View this post on Instagram
Па така, еден од обожавателите на Клиопи ја покажа својата огромна симпатија и почит кој неа и нејзината музика со тоа што ја истетовира левата рака со боите на македонското знаме, црвено и жолто опточени во нејзиното име Опи, онака како што тие милуваат да ја наречат нивната дива.
Таа почестена и емотивно возвишена овој момент го објави на социјалните мрежи, давајќи ја најголемата благодарност за чинот и тоа што момчето засекогаш ќе ја носи Опи врежана на себе.
фото:Instagram printscreen/ kaliopi_official