Струмичанката Славица Ангелова која успеа да го освои првото место на „Ѕвездите на Гранд“ на социјалните мрежи најчесто споделува фотографии поврзани со нејзината музичка кариера.
Но, овој пат Ангелова одлучи да ги изненади следбениците и да покаже фотографии и од одморот каде што одлучила да ужива и да ги полни батериите.
Пејачката која ја освои публиката со гласот но и со изгледот, ова лето одлучи да ги посети грчките плажи и замина на Афитос.
Така, сега на својот Инстаграм профил покажа како ужива во топлите денови, облечена во костим за капење.
View this post on Instagram
Ангелова сподели фотографии од нејзината летна дестинација и ги воодушеви сите со лежерното издание.
View this post on Instagram
Едноставно, комплиментите и допаѓањата постојано доаѓаа на сметка на нејзиниот изглед.
фото: print Screen/ Instagram/slavica.angelova