Радио Милева заносна русокоса

Победничката на „Задруга“ реши да се смени – Кија Коцкар како нова

Победничката на „Задруга“ реши да се смени – Кија Коцкар како нова

Победничката на првата сезона од реалното шоу „Задруга“, Кристина Кија Коцкар (36), ја сподели својата нова трансформација на социјалните мрежи.

Кија одлучи целосно да го промени својот изглед и ја обои косата во руса боја, изненадувајќи ги своите следбеници.

– Не се сеќавам кога последен пат бев толку убаво русокоса – наведе Коцкар во описот на објавата.

Коментарите од обожавателите стигнаа брзо, а повеќето забележаа дека новата боја совршено ѝ стои.

Кија постојано нагласува дека е среќна и исполнета, а често објавува детали за вниманието што го добива од своето момче, чиј идентитет сè уште го крие од јавноста.

Еднаш покажа букет цвеќе што пристигна на нејзината адреса во Белград, како и знак пред нејзиниот дом напишан на англиски јазик: „Ја сакам Кики“.

фото:Instagram printscreen/kijakockar

To top