Победничката на реалното шоу „Задруга“ Кристина Кија Коцкар (35) на Инстаграм сподели дека ја напушта Србија.
Киа пред неколку години купила стан во Турција, а неодамна на Инстаграм изјавила дека со нетрпение чека да оди на тамошното приморје.
– Алања, се гледаме наскоро – напиша Кија на англиски во описот на објавата, со емотикон на срце, а потоа повторно проговори.
– Поседувањето имот во странство понекогаш е предизвик. Мојата прекрасна пријателка го одвојува слободното време за да ми помогне секогаш (овој пат да го дочекам нов интернет) и морам јавно да кажам: Те сакам. Ти си уште една причина зошто ја сакам Алања! Се гледаме наскоро – напиша Киа.
Кија, да потсетиме, еднаш рече дека имала голема желба да живее „повеќе“.
– Јас сум скромна девојка и не трошам на глупости. За неколку години сакам да се преселам во странство, како што посакував цел живот – рече Коцкар, која инаку со месеци ја криеше својата посилна половина.
фото:Instagram printscreen/ kijakockar