Радио Милева во петок доаѓа во скопје

По веста за приведувањето во Македонија се огласи и Џејла Рамовиќ

По веста за приведувањето во Македонија се огласи и Џејла Рамовиќ

Пејачката Џејла Рамовиќ беше приведена во Македонија како дел од акциска контрола во Кичево, заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата откри дека настапиле без соодветна работна дозвола.

Во оваа прилика, нејзиниот ПР тим го објави следново:

– Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосна постапка што редовно ја следиме секој пат кога доаѓаме во Македонија. Организаторот нè увери дека ги добил сите преостанати дозволи за одржување на настапот во согласност со договорот што го имаме – истакна Џејла, а потоа додаде:

– И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаа сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене! Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш со задоволство се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе во петок се дружиме во Скопје – се наведува во соопштението.

фото:Instagram printscreen/ dzejlaramovic

To top