Јелена Карлеуша, гостинка во подкастот на Лазаров, зборуваше за нејзино враќање во „Ѕвезде Гранда“, како и за здравствената состојба на Саша Поповиќ.
Јелена истакна дека Саша е тешко болен и дека луѓето можат да погодат за што се работи.
– Саша е болен. Не знам дали е до мене да зборувам јавно за да не ми забележи, но многу е болен. Мислам, погодувате за што се работи – рекла Карлеуша во подкастот.
По нејзината изјава за јавноста, за првпат проговори сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, која беше многу кратка.
– Жал ми е, но засега не можам ништо да ви кажам. Ви благодариме што ја почитувате нашата приватност – куса беше Сузана во изјавата за тамошните медиуми.
фото:instagram printscreen/ suzanapopovic69