Радио Милева одлично и оди

Плени со шарм во предизвикувачка комбинација: Ова е ќерката на славната Моника Белучи (фото)

Плени со шарм во предизвикувачка комбинација: Ова е ќерката на славната Моника Белучи (фото)

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева си го бара своето место под модното сонце, а судејќи по едиторијалите што ги прави, одлично и оди.

Таа тргна по манекенските стапки на својата славна мајка, која повеќе пати беше прогласувана за најубава жена на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@devacassel)

Млада Дева позираше за италијанскиот Вог, а комплиментите само „врнат“ затоа што беше провокативно облечена.

Таа носи бунда и капа со мрежа, а во другиот дел проѕирен фустан со циркони.

Моника Белучи пред извесно време зборуваше за нејзиното воспитување.

Иако сите „на прв поглед“ би рекле дека Дева живее живот од бајка, Моника смета дека и детството и било предизвик, а потоа објаснила како се справува со популарноста на нејзината ќерка откако таа влезе во светот на манекенството.

– Мора да прифатите дека вашата ќерка има свој живот. И обидете се, ако тоа ве загрижува, да не се грижите … Но, што се однесува до мене, особено уживам кога ја гледам Дева, страсна, креативна, жива – изјави таа во интервјуто за „Marie Claire“, а потоа додаде:

– Таа потекнува од семејство на акробати – а тоа сме ние. Нејзиното образование беше расфрлано помеѓу Италија, Бразил, Франција…. Нејзиното детство не беше лесно, но таа добро се држи и чувствувам дека е среќна и тоа ме прави среќна – со оглед на тоа, не се двоумам да објавувам фотографии од неа на Инстаграм -беше јасна  партнерката на Тим Бартон.

фото: print Screen/Instagram

To top