Радио Милева наместо премиера тага и чемер во Штип

Плановите на Филип Стевановски  ќе бидат реализирани, Весна Петрушевска – Бејби за претставата „Бог на колежот“, соопшти дека ќе се игра (фото) 

Плановите на Филип Стевановски  ќе бидат реализирани, Весна Петрушевска – Бејби за претставата „Бог на колежот“, соопшти дека ќе се игра (фото) 

Македонската актерка, режисерка и  ТВ водителка  Весна Петрушевска – Бејби, за претставата „Бог на колежот“, кој е копродукциски проект со Македонскиот народен театар по успешните изведби во Скопје требаше да се постави на 20 март  и во домот на културата во Штип.

Но, наместо веста за претставата со прексрасната екипа од МНТ  на социјалната мрежа Инстаграм во кратката приказна Весна Петрушевска ја  сподели објавата на актерот Милорад Ангелов кој со тажни зборови откри каков жар имал директорот Филип кој трагично го изгуби животот во Кочани кога им соопштил дека договорил од МНТ да бидат повторно во Штип по цели 10 години.

– А денеска Филип требаше да биде твојот специјален ден!
Ден кога ти ќе беше горд домаќин на Македонскиот национален театар.
Каков ли жар и ќеиф имаше кога ни соопшти дека си договорил со прекрасната екипа од МНТ да бидат наши гости!
,,Замисли Мики после 10 години МНТ повторно во Штип ..Еј!
Ах тоа твое ,,ЕЈ,,уште ми звони во ушите како музичка нота која треба да означи радост!
,,Замисли какво задоволство ќе имаат Штипјани,Ејјјј!!!
И пак замислив!
И секој ден замислував!
И ќе продлжам да замислувам Филип!
И да знаеш дека тимот на МНТ се јави скинати од болка порачаа дека нема да се откажат од идејата да настапат во Штип во твоја чест Филип.
Ќе те спомнуваме и ќе работиме, а ти ќе бидеш нашата вечна мотивација!
Сите твој идеи и планови ќе бидат реализирани!
Ти ветуваме! – пишуваше во објавата од 19 Март.

Сега, Перушевска со голема тага го сподели тоа во спомен, но и потврди дека „Бог на колежот“ сепак ќе се игра во Штип.

„Ќе играме за Филип“ –  напиша Бејби.

Со  многу  емоции  и тага   кои ќе бидат присутни уште долго време поради загубата на младите животи  претставата ќе се одигра во чест на Филип бидејќи тоа  е неговата голема желба, а МНТ нема да се откажат од идејата да настапат во Штип. Овој пат  со голема празнина, но сите негови идеи и планови ќе бидат реализирани.

Стевановски беше директор на Центарот за култура во Штип и дел од бендот ДНК. Филип им подлегна на повредите во пожарот во Кочани .

Филип Стефановски дипломирал на два факултета, вокално-инструментална, класична музика и џез. Зад себе ја остави неутешна сопругата Ирена и една ќерка.

Македонија ја погоди невидена трагедија ноќта меѓу 15 и 16 март, кога за време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани избувна пожар, при што загинаа повеќе од 56 млади луѓе.

Фото: printscreen/instgaram

To top