Никој во Македонија, па дури ниту видните екс СДСМ-овци не ја бендисаа инвазијата на послушниците на Заев во јадрото и раководството на СДСМ. Поранешните функционери на сегашната опозиција полека но сигурно се изјаснуваат што мислат за „новото“ раководство на СДСМ кое очиглдно по “струмички ноти“ си го компонираше Филипче.
Поранешниот пратеник и екс градоначалник на Скопје, Петре Шилегов не го крие незадоволството од новото раководство на СДСМ. Преку песната „Во бестрага“ реши да ѝ честита на партијата за новите кадри кои ги избрала, па во изведба на „Нокаут“ и Игор Џамбазов, ја сподели на својот Фејсбук профил.
Наместо коментар… кратко напиша Шилегов алудирајќи на тоа што му посакува и кај го испраќа новото партиско раководство.
Сѐ започна во јануари оваа година кога при промоцијата на партијата која ја презеде Данела Арсовска „Нова алтернатива“ присуствуваше тогашниот партиски генерален сектретар Миле Зечевиќ.
Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов даде свој коментар за присуството на Миле Зечевиќ на оваа промоција.
И булдожерите зарибуваат во кал, нели?, иронично го искоментира настанот Шилегов алудирајќи на Зечевиќ.
СДСМ претходно ја одржа првата седница на Централниот одбор. На вчерашната седница за нови потпретседатели беа избрани поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката Ана Чупеска, битолчанецот Менде Илиевски од тамошниот Совет и Кристина Костова која е активна во рамките на Централниот одбор на СДСМ.
Партијата го избра Александар Димитријевиќ од општинската организација на СДСМ во Гази Баба за генерален секретар, а организациони секретари ги избра Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски кој е пратеник во Собранието.
Главна фаца по Филипче во СДСМ ќе биде т.н. Фани Сорос, факт што јасно кажува во каква лузерска насока се движи партијата, зашто во време кога Републиканците во САД имаат претседател, Сенат и Конгрес, тие се врзуваат со најголемиот донатор и мецена на Демократите?!?! Толку комуњарски и лузерски, коментираат на социјалните мрежи, потсмевајќи се со партијата која ита кон залезот. Како што вели и клучниот стих во „музичката честитка“ на Шилегов: „Дали крајот вака мисриса“?
Очекувањата се во следниот период да му се јават на Чом.
За да го изгаси светлото на Бихаќка…!?
Извор: Курир.мк
Фото: Јутјуб принтскрин