Мегафон поткаст гостин

Петар Георгиевски – Камиказа во новото издание на „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски

Петар Георгиевски – Камиказа во новото издание на „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски

По едукација дипломиран актер, по определување пасиониран музичар, кому рок ен ролот му е во крвта и му тече во вените уште од гимназиските денови.

Член на мноштво македонски рок групи од кои оваа последната ја испиша македонската музичка историја и се’ уште не престанува тоа да го прави, грижливо чувајќи го огнот под ѕвездите кој самата го запали пред  40 години, за да гори во градите на секој вистински Македонец… Тогаш, сега и засекогаш!

Македонските театарски институции случајно или намерно никогаш не го препознаа неговиот актерски потенцијал, за разлика од великиот југословенски  режисерски маг Љубиша Ристиќ и неговиот театар во Суботица,  во кој тој  ќе игра со некои од најголемите бардови на тогашното југословенско глумиште.

Бил еден од запазените ТВ ликови и во некои од најзначајните ТВ серии и ТВ драми на тогашното ТВ Скопје и сегашната МРТ, како „Трст виа Скопје“, „Марика лета со авион“  или „Пикасо“, на пример.

Покрај големите музички поп-рок  хитови и антологиските балади кои ги создал со својот бенд,  ја напишал и музиката за некои од најпознатите ТВ серии како „Бумбари“, потоа мноштво парчиња музика за дузина театарски престави, џинглови, реклами…

Како музички уредник во Музичко касетната продукција  на МРТ заслужен за првите дискографски изданија на некои од денес легендарните македонски изведувачи и групи… Од Зијан и Архангел до Ареа, но и најзначајните музички изданија на македонски фолк легенди како Александар Сариевски, Кирил Манчевски, Анка Гиева, Никола Бадев, Јонче Христовски… за зачувување на носачи на звук на богатиот изворен  македонски мелос.


Покрај уметноста спортот му е второто име вткаено во неговиот  лик и идентитет. Во раната младост талентиран гимнастичар кога и го добива прекарот по кој  сите го знаат до ден денес, во зрели години  маратонец  кој со успех ги трчал најпознатите светски маратони.

Пасиониран моторџија уште од раната младост, велосипедист во годините на зрелост…

Сопственик на продукциската куќа подготвена да ги организира, озвучи и осветли  и најкомплицираните и најзахтевни концерти, фестивали, манифестации и останати ивенти од најразлична природа.

Непоправлив оптимист и ентузијаст за кого невозможното не постои, нема што не се може да се реализира и оствари ако тоа го намислил, не постојат препреки што се ненадминливи ако имаш желба, волја, знаење и умеење како да се стигне до целта и тоа онаа, највисоката.

На минатите локални избори накратко „влета“ во политиката и тоа сам, без партиска машинерија и нејзината поддршка зад себе,  па на  многумина кои професинално се занимаваат со неа серизоно им ја „стресе фотелјата“… Колку за да покаже дека ако реши, може да им „украде“ сериозен дел од политичкиот колач!

Патриот и родољуб кому татковината Македонија му е вткаена во душата, а македонштината вградена во генетскиот код.

А тој со  љубов кон сопствениот народ и држава, помеѓу браникот на слободата и меѓникот на љубовта со својата група „Меморија“ и песните што ќе останат да бијат како камбана со небесеки ек, за навек  и натаму продолжува да го живее својот сон испишувајќи музичка историја која го сплотува македонскиот народ.

Петар Георгиевски Камиказа на гости кај Антонио Димитриевски во интер ток шоуто „Ништо лично“.

Премиерно во СРЕДА, 05. февруари 2025 во 20 часот на  YouTube каналот на  КурирМК (

 

To top