Синоќа на социјалните мрежи имаше лавина од коментари откако се појави необјавена песна на Јелена Карлеуша.
Јелена Карлеуша ги објави своите албуми „Алфа“ и „Омега“ во август 2023 година, а како што дознаваат тамошните медиуми проектот требало да ја вклучи и песната „Рунде“, напишана за неа од Милан Лаќа Радуловиќ, чие издавање подоцна беше прекинато од неговиот татко композиторот Александар Фута Радуловиќ.
Синоќа на социјалните мрежи се појави демо снимено од Јелена Карлеуша кое предизвика тотален метеж.
Воодушевените обожаватели ја споделуваат песната на мрежите, а пофалбите за емотивната балада само се слеваат.
Автор на текстот на песната беше покојниот Милан Радуловиќ Лаќа, додека музиката ја компонираше Дарко Димтров. Но, поради недоразбирањето на Јелена со таткото на Лаќа, Фута, песната не заврши на албумот „Омега“ на поп дивата, како што беше планирано.
По тој повод, на својот Инстаграм профил се огласи и самата Јелена. Пејачката беше видно изненадена од ненадејното објавување на демото на мрежите.
– Не знам како песната дојде во јавноста и кој ја објави на социјалните мрежи. Лаќа ми ја напиша песната, а ако не се лажам, таа беше последна што ја напиша. Жал ми е што не можев да ја ставам песната на последните два албума поради недоразбирање со таткото на Лаќа, но што да се прави. Некоја повисока сила сè уште сакаше делото на Лака да живее по неговата смрт, и покрај сè. Песната е тешка и потресна, всушност отсликува како се чувствувала Лаќа – изјавила Карлеуша.
Песната „Рунде“ можете да ја слушнете подолу во текстот.
JELENA KARLEUŠA – RUNDE : CELA VERZIJA pic.twitter.com/o9LUeyYBlM
— ESTRADA NOVO (@najnovijeestr) July 24, 2024
фото:printscreen/Instagram/karleusastar