Радио Милева право во целта

Перо Антиќ си го најде чарето за анти-стрес против бес

Перо Антиќ си го најде чарето за анти-стрес против бес

Сакале или не сакале, живееме стресно секојдневие, па стресот може да не пречека од место каде најмалку очекуваме и да не исмести од ритам.

Затоа, издувен вентил и правилно канализирање на енергијата мора да има, но истото треба и да се пронајде, зашто е индивидуална опција за секого.

До каде му е трпението и колку голем бунтовник по природа е Перо Антиќ, не би можеле да кажеме и одредиме ниво, но затоа знаеме, односно видовме дека начинот на кој Перо прима анти-стрес терапија и ослободување од се’ она насобрано, е преку стралаштво.

Пертнер во истото, односно како учител му е поранешниот колега, и екс- македонскиот кошаркарски репрезентативец Тодор Гечевски.

Стрелање со пушка или пиштол,  лаф муабет, поинакво доживување и супер поминато време со совршениот партнер од новото хоби за празнење против стрес и за истерување бес.

Разигран адреналин и возбуда до плафон, особено кога знаеш дека тоа е вистинското за тебе…

Погодокот, право во целта!

фото:Instagram printscreen/cickostoilko

To top