Радио Милева повреда

Пејачот на „Парни Ваљак “ падна од бина и заврши во болница

Пејачот на „Парни Ваљак “ падна од бина и заврши во болница

Парни Ваљак во неделата одржа концерт во Дубровник, но концертот беше прекинат поради повреда на пејачот Игор Дрвенкар.

Дубровчани во неделата вечерта се собраа на Страдун на концертот на Парни Ваљак во рамките на Дубровничкиот зимски фестивал.

Тие ги пееја хитовите на култниот хрватски бенд, но потоа се беше нагло прекинато.

Игор Дрвенкар, пејачот на бендот, падна од бината и се повреди.

Хусеин Хасанефендиќ Хус најпрво им порача на насобраните дека концертот може да продолжи еден час, пишува Дубровник Вјесник.

Организаторите се огласија подоцна и открија што се случило со Игор.

„Концертот на Парни Ваљак нема да продолжи поради повредата на пејачот, кој по приемот во болница е задржан поради изместено рамо и се чувствува добро“, соопштија од Дубровничкиот зимски фестивал.

фото: printscreen/facebook/Dubrovački zimski festival Dubrovnik Winter Festival

To top