Радио Милева мрза...

Пејачот Кнез раскажа зошто се развел од сопругата: „Не сакаше ништо да работи…“ (ФОТО)

Пејачот Кнез раскажа зошто се развел од сопругата: „Не сакаше ништо да работи…“ (ФОТО)

Пејачот Ненад Кнежевиќ Кнез (56) со години беше во брак со Нина Вукмановиќ, а во една прилика откри како им пропаднала љубовта. Пејачот има две ќерки од бракот со Нина, Ксенија и Андреа, а двајцата се разведоа по 17 години брак.

„ Мојата тогашна сопруга и јас имавме големи несогласувања многу пред разделбата. Еден од проблемите беше што таа немаше за ништо интерес, беше фокусирана само на нашите деца. Сакав да ја вработам, не заради парите, туку за таа да прави нешто во животот, но таа не сакаше. Дури и отворив бутик, но нејзината филозофија во животот беше да не работи. Не сакаше дома ни да готви, па и јас го правев тоа“ – истакна Кнез, а потоа додаде:

„Благодарение на мојот авантуристички дух ја прифатив понудата да се натпреварувам во третата сезона на реалното шоу „Преживеан“ со познати личности. Природата и тишината што владее на островот ме ресетираа и ми помогнаа да размислам за мојот живот. Мозокот ми се врати на фабричките поставки. Тогаш решив дека дефинитивно ќе се разведам. Можеби звучи неверојатно, но тие 32 дена борба за живот во џунглата ми помогнаа да сфатам дека разделбата е единственото решение за мене“ – изјави тогаш тој.

Фото: Инстаграм/kneznenad

 
To top