Радио Милева сомнителна

Пејачката Северина Вучковиќ е приведена на српската граница – Ова е причината (фото)

Пејачката Северина Вучковиќ е приведена на српската граница – Ова е причината (фото)

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ била приведена на границата со Србија, а откако била ослободена решила да се врати во татковината.

Според тамошните медиуми, Северина била приведена вчера на границата со Србија, по што полицијата ја спровела редовната постапка, како и за сите чии изјави српските државни органи ги оценуваат како сомнителни, дознава „Блиц“.

На пејачката набрзо и бил дозволен влез во Србија, но сепак таа решила да се врати во Хрватска.

На некои од колегите на пејачката како Селма Бајрами, Јадранка Барјактаревиќ и Садик Хасановиќ претходно им беше забранет влез во Србија поради навреда и изведување националистички песни.

Имено, во текстот објавен на Хрватски „Јутарњи лист“ пишува: „Што би можело да биде причината за ова привремено лишување од слобода? Можеби тоа што Северина ги поддржува граѓанските протести во Србија?“ стои во овој текст.

фото: printscreen/instgaram/severina

To top